(Видео) Експлозија на грчки траект, четворица повредени

На траектот Син Хоризонт, кој бил усидрен во пристаништето во критскиот град Ираклион, денеска се случила експлозија во која се повредени четворица членови на екипажот.

Според првичните информации од пристанишните власти, експлозијата се случила околу 10 часот во машинското одделение на бродот, а еден од четворицата повредени е во тешка состојба, пренесе агенцијата АНА.

Сите повредени се пренесени во Универзитетската болница во Хераклион.

Back to top button
Close