ВИДЕО: Ескалираа протестите во Црна Гора, нападната ќерката на премиерот Кривокапиќ

Ескалираа протестите во Црна Гора. Премиерот Здравко Кривокапиќ тврди дека неговата ќерка била нападната од група демонстранти на патот Никшиќ-Подгорица.

-Денес беше нападнато службеното возило во кое беше нападната мојата ќерка, инаку заштитено лице. Како татко, нема да ги заборавам нејзините солзи и страв. Како премиер, нема да ви дозволам дивјаштво и беззаконие – порача црногорскиот премиер.

Инцидентот се случи во пресрет на закажаниот протест пред владата против најавените промени на критериумите за стекнување црногорско државјанство и измените на Законот за престој.

Back to top button
Close