(ВИДЕО) Евакуација во Кичево, активисти на Црвен крст изнесуваат маж низ надојдената вода

Двајца припадници на Црвениот Крст низ надојдената вода висока над еден метар,  изнесуваат маж за време на евакуацијата на најпогодените делови од градот.

Досега се евакуирани околу 230 лица кои се привремено сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Во моментов се обезбедуваат душеци, кревети, ќебиња, храна и топли оброци, вода за пиење и средства за одржување на лична и колективна хигиена.

Црвениот крст останува посветен на обезбедување хуманитарна помош и психосоцијална поддршка за сите погодени семејства, со апел за солидарност и поддршка од заедницата во овие тешки моменти

Back to top button
Close