(ВИДЕО) Евакуирани 55 деца поради голем пожар во западна Грција, огнот се движи кон планината Вунаса
Како што пренесе грчката државна телевизија ЕРТ, ситуацијата на теренот е крајно сериозна, а пожарот се движи во насока на Гревена. Превентивната евакуација на децата била спроведена вчера, заради опасноста што ја претставуваше приближувањето на огнот.
Во гаснењето се вклучени 45 пожарникари со 11 противпожарни возила, поддржани од три тимови од 8-та специјализирана единица за итни интервенции (Е.М.О.Д.Е.). Воздушна поддршка обезбедуваат два хеликоптери, а ангажирани се и локалните власти и волонтери со цистерни за вода.
Иако засега нема непосредна опасност за населени места, жителите во околните региони се предупредени да бидат подготвени за можни евакуации. Пожарот се проширува во густо пошумена област западно од градот Катерини, што дополнително ја отежнува интервенцијата.