(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски да не го користи нон-пејперот на Мерц како алиби за неисплнување на реформите

Мицкоски да не го користи нон-пејперот на германскиот канцелар Фридирх Мерц, како алиби за неисполнување на реформите, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, попладнево на прес-конференција.

Филипче порача дека последните сигнали од Европската Унија уште еднаш потврдуваат дека постои политичка волја за проширување, но предупреди дека Владата не смее да бара нови изговори за застој на евроинтегративниот процес.

„Денеска видовме уште еден сигнал дека постои волја за проширување во Европската унија, тоа е нон- пејперот од германскиот канцелар Мерц. Иако има луѓе кои што не се согласуваат со тоа, а тоа е постепено членство, учество во институциите на Европската Унија, и тоа не е дефинитивен документ кој што е усвоен од Европската Унија и очигледно нема да биде усвоен затоа што има несогласување. Апелирам премиерот Христијан Мицкоски да не го користи овој нон- пејпер како дополнително алиби и изговор да не се направат следните чекори, кои што како што сите укажуваат, не може да бидат променети”, рече Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче порача дека СДСМ е подготвен да ја сподели одговорноста за спроведување на уставните измени и за целиот понатамошен тек на преговорите со Европската Унија.

„Ја споделуваме одговорноста Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и јас лично, целокупната коалиција која што СДСМ ја предводи, да ги направиме уставните измени и после тоа да седиме заедно на маса, додека траат преговорите, додека се отвораат и затвораат преговорите по поглавјата”, порача Филипче.

Back to top button
Close