(ВИДЕО) Филипче: Не може да има пари за тендери и за непотребни трошоци, а да нема за стандардот на граѓаните
29.01.2026 14:04
490 1 минута читање
„Во повеќе наврати досега разговаравме, разговарвеме, укажувавме на потребата да се излезе во пресрет на барањата на работниците. На крајот на 2024 година поднесовме предлог Закон за зголемување на минималната плата, меѓутоа тогаш тој закон од власта беше одбиен.

Имајќи ја предвид се потешката економска состојба во која работниците живеат, драстично намалениот животен стандард, имајќи го предвид порастот на цените, растот на цената на струјата други трошоци повеќе компоненти од тоа што претставува трошок во синдикалната кошничка, ние подготвивме нови законски решенија кои што ќе ги поднесеме во Собранието. Прво Предлог на Закон за измени на законот за минимална плата при што предлагаме зголемување на минималната плата во вредност од 600 евра во нето износ, како и замрзнување на платите на функционерите“ рече на денешната прес-конференција претседателот на СДСМ – Венко Филипче.
Тој напомена „отворени сме за соработка ги повикувам претставниците на Сојузот на синдикати доколку имаат предлози, сугестии да имаат увид прво овој предлог-закон и доколку имаат некои сугестии така да ги поднесеме. Тука сме како одговорни политичари, како одговорна политичка партија, да покажеме грижа, за да покажеме солидарност да излеземе во пресрет на вистинските реални потреби на работниците“.
„Не може да има пари за тендери на оваа тендер коалиција, не може да има пари за непотребни трошоци, а да нема за тоа што вистински треба, а тоа е за стандардот на граѓаните. Потрошувачката кошничка и цените растат, инфлацијата исто така, таа го јаде сериозно стандардот. Ние денес имаме практично најниска минимална плата во регионот. Пораснаа платите и во Албанија и во Србија и во Косово и во Црна Гора, само кај нас тоа не е случај, владата едноставно досега не води никаква грижа. Само уште еден аргумент за младите коишто секако иднината ја гледаат надвор од земјата, сметам дека тоа треба да се запре“ рече Филипче.
https://www.youtube.com/channel/UCSj5OsDyVsD6si3UdhQCQNw






