(ВИДЕО) Филипче: Предложената забраната на вонредни студии е социјално неправедна и дискриминаторска за жените
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција нагласи дека со дел од членовите во предлог Законот за високо образование се врши дикриминација и социјална неправда особено на жените. Како пример го посочи членот со кој се забрануваат вонредните студии.

„Вонредните студии да се забранат е практично социјално неправедна и родово дискриминаторска пракса, затоа што се ограничува пристапот со оваа забрана до образование на вработени лица, возрасни студенти, лица со семејни обврски. Сметам дека ова ќе има сериозен ефект во родовиот контекст, бидејќи непропорционално и погодува и жените во образовниот сектор”, рече Филипче.
Тој додаде дека со член 27 став 6- забрана на вонредни студии за наставнички професии, директно се погодуваат жените кои треба да ги усогласат семејните обврски со професионалниот развој.
Филипче на прес-конфренцијата упати апел до власта овој закон вака како што сега е составен, да не се поднесува со Собрание.
„Доколку се поднесе и доколку оваа власт опстои така како што тоа го прави во секој еден сектор и тврдоглаво влезе во брутална партизација, елиминација на автономијата на универзитетите, кратење на можностите на младите, промовирање на некои нивни стари пензионирани веќе професори за дополнителна партиска контрола, немање ефикасни и ефективни предлог механизми како да се развие системот, тогаш ако се поднесува во оваа форма во Собранието ќе иницираме јавна расправа за да може целокупната стручна јавност да земе збор, да се слушне нивниот глас за да овој закон никако не помине во оваа форма туку да се модифицира”, рече Филипче.






