(ВИДЕО) Филипче: Во концептите на политиката очигледна е соработката на Мицкоски со СНС

На брифинг со новинари, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја потецираше директната поврзаност на актуелната власт со СНС во соседна Србија.

„Очигледна е соработката на оваа власт со српската власт на Александар Вучиќ и на СНС, односно лично со него. На граѓаните веќе им паѓа во очи како премиерот Мицкоски сака да го имитира претседателот Вучиќ, во движењата, во стоењето, во начинот на давање изјави и во концептите на политиката. Прекарот веќе го доби, малиот Вучиќ”, рече Филипче.

Според него, моделот на владеење што се применува во Србија сѐ повеќе се пресликува и кај нас.

„Тоа што го прави Вучиќ во Србија, премиерот Мицкоски се обидува да го направи кај нас – еден човек да ја претставува целата политика и целата партија, а сите други да ги извршуваат неговите наредби”, рече Филипче.

Тој потсети на случувањата во Србија по трагедијата во Нови Сад и на протестите кои следеа, укажувајќи дека таму дијалогот е речиси невозможен, а општеството длабоко поделено.

„Во Србија тоа оди до ниво на судири, а земјата се соочува со економски колапс и целосна изолација од Европа. Истата опасна матрица денес се применува и во Македонија”, предупреди Филипче.

Во тој контекст, Филипче нагласи дека ваквата политика води кон намерна изолација од Европската Унија и служи како алиби за прикривање на криминалот и корупцијата.

„Се бараат само изговори земјата да се држи изолирана од Европската Унија. Нема друго објаснување.”, истакна тој.

Претседателот на СДСМ порача дека граѓаните јасно гледаат каде води овој модел, кон авторитаризам, економска несигурност и европска изолација, и нагласи дека СДСМ ќе продолжи јавно и аргументирано да ја разобличува оваа соработка и опасниот курс по кој се движи Македонија.

Back to top button
Close