(ВИДЕО+ФОТО) Изгоре автомобил во движење на патот Чашка – Велес

Изгоре автомобил на регионалниот пат Чашка – Велес. Автомобилот марка „Фолксваген Поло“ е пеплосан, но за среќа, жртви нема.

Несреќата се случи околу 11:30 часот, кога возачот на автомобилот од Чашка тргнал кон Велес. На само еден километар од излезот на населба Чашка, на местото викано „Долги рид“, додека се движел, автомобилот почнал да гори.

Возачот брзо излегол од него и повикал пожарникари. Тие пристигнаа за десетина минути и го изгасија пожарот. Автомобилот е целосно уништен.

Сообраќајот на патот Велес – Чашка половина час беше во прекин, додека пожарникарите го гаснеа огнот. Околу 12:30 минути тој повторно е пуштен за сообраќај.

извор: Батали.нет

Back to top button
Close