ВИДЕО+ФОТО: Мицкоски на средба со Бербок во резиденцијата на германскиот амбасадор

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во Скопје се сретна со делегација на ВМРО-ДПМНЕ во резиденцијата на германскиот амбасадор.

„Дојче веле“ објави фотографии и видео од средбата на која се гледа дека Мицкоски во германската резиденција на средбата пристигнал во друштво на тројца од потпретседателите на партијата: Александар Николоски, Тимчо Муцунски и Гордана Димитриевска-Кочоска; како и пратеникот Антонио Милошоски кој е претседател на собраниската Комисија за надворешна политика.

Back to top button
Close