Видео/Фото: Разнесена станбена зграда во Киев, најмалку две лица загинаа

Две лица загинаа, а тројца се повредени кога утринава граната погоди станбена зграда во северозападниот дел на Киев, соопшти украинската служба за итни случаи, а пренесе Гардијан.

„Во 7 часот и 40 минути во деветкатница се пронајдени тела на две лица, три лица се хоспитализирани, а девет се згрижени на лице место“, се вели во соопштението на службите. Од пожарот наводно биле спасени уште 15 лица, а 63 биле евакуирани. Пожарот наводно бил изгаснат нешто пред 08:00 часот по локално време. Деветтиот кат наводно се запалил поради руското гранатирање кое следело после 5 часот наутро по локално време.

Локалните медиуми јавуваат дека тв-кула во близина на Ривне во западна Украина била погодена од руски проектил. не е јасно дали има жртви.

Во текот на ноќта, четири лица беа повредени за време на ракетен напад насочен кон административни згради во селото Ставише, во регионот Житомир.

 

Back to top button
Close