(ВИДЕО) Фрчкоски: Ацо Ристов во РКЕ e нова алка во бизнис мрежата на Христијан Мицкоски
Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор
Ацо Ристов во РКЕ e нова алка во бизнис мрежата на Христијан Мицкоски
Во бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката влегува уште една алка, уште една институција, Регулаторната комисија за енергетика.
Мицкоски го избира Ацо Ристов на челот на Регулаторната комисија за енергетика. Тело кое ги носи сите одлуките за цените на струјата, на горивата, на енергенсите.
Кој е Ацо Ристов?
Поранешен градоначалник на ВМРО во Радовиш. Сопруг на судиката Данка Ристова која предходно беше избрана за членка на Судскиот совет.
И најважното, бизнисмен во енергетиката, со хидроцентрали, исто како Мицкоски.
Како сопственик на бизнис кој произведува струја и добива тарифи од државата, Ристов сега треба да носи одлуки во РКЕ кои ги диктираат токму тие цени и правила на пазарот.
Не е ова само конфликт на интереси, ова е бизнис операција која однапред била осмислена да се вклопи во бизнис мрежата на Мицкоски.
Ристов во изминтиот период се „ослободува” од сопственоста во компаниите поврзани со изградба на мали хидроцентрали. Компанијата што носи стотици илјади евра годишна добивка, одеднаш менува сопственик. И ја презема сметководителка од Радовиш, тотално непозната за секторот.
Дали е ова случајно? Или е класичен пример на „чистење” пред преземање на функцијата во РКЕ?
Ништо не е случајно, ова е внимателно плетена бизнис мрежа. Очигледно се знаело однапред.
Уште една алка во синџирот што СДСМ веќе го разоткри:
Почнувајќи од Адамовиќ, функционер на СНС, преку офшор структурите на Кипар и компаниите поврзани со енергетскиот бизнис, поврзаноста со „Руднап”, РЕК Битола, Развојната банка, Божиновска…
Сега во РКЕ.
Сите делчиња од својата мрежа Мицкоски ги намести.
Има свои луѓе од почеток до крај – од производство и увоз на струја, до продажба и банкарство.
Кој тоа ќе го плати? Народот.
Кога граѓаните ќе видат денеска високи цени на горивата, нека се сетат на бизнис мрежата на Мицкоски, кој ги предлага а кој ги добрува високите цени.
Кога ќе видат висока сметка за струја – тоа е позадината.
Сѐ е бизнис за Мицкоски.






