(ВИДЕО) Фрчкоски за актуелната ситуација Русија-Украина: Тешко е да преговарате со оружје вперено во главата

-Реториката на Бајден, за опцијата околу Третата Светска Војна не треба да се потпалува. Светот е вознемирен. Секако, некој во ваква позиција изнервиран или луд може да го притисне копчето, но да се надеваме дека тоа нема да се случи и дека тоа е реакција на заканите на Путин на кој не му оди целата приказна така како што ја замислил. Страшната страна е народот што страда.

Во насока на преговорите и стабилизација на ситуацијата, тешко е да преговарате ако имате вперен пиштол на главата. Во секој случај ке биде тешко за Украинците. Мислам дека сепак приказната ке биде некаква Украина која нема да влезе во НАТО – вели за ТВ 24 Љубомир Фрчкоски.

Back to top button
Close