ВИДЕО Фудбалер (17) почина по удар со нога во глава, трагедија го потресе фудбалскиот свет

Страшна вест доаѓа од Алжир, каде младиот фудбалер Васим Јазар го загуби животот како последица на удар кој го доби за време на фудбалски натпревар.

Овој талентиран фудбалер беше удрен со нога во глава на натпревар на помладите категории на неговиот тим Вади Ел Маа при една акција на неговиот тим.

Бидејќи на терен немало медицинска помош, Јазар со автомобил бил испратен во болница.

Таму се бореа за неговиот живот, но безуспешно, а Мундо Депортиво дури доби информација дека младиот фудбалер починал веќе на теренот

 

Како изгледаше сето тоа можете да видите во видеото подолу, но ве предупредуваме дека содржината е крајно вознемирувачка.

Back to top button
Close