(ВИДЕО) Г.г. Стефан за српскиот патријарх е архиепископ на Северна Македонија
Архиепископ на Северна Македонија, а не архиепископ охридски и македонски. Со таква титула српскиот патријарх Порфириј го споменува поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан на литургиите и засега е единствен што го прави тоа, пренесува порталот „Религија“.
Тоа се случи вчера на богослужба за Голема Богородица во Херцег Нови кога Порфириј ги наброја сите поглавари на помесни православни цркви, меѓу кои и архиепископот г.г. Стефан, последен по архиепископот на Чешка и Словачка. Но наместо како архиепископ охридски и македонски, Порфириј го спомна г.г. Стефан како архиепископ на Северна Македонија.
„СПЦ, кога донесе одлука за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА, тврдеше дека ја признава под нејзиното име и со титулата на архиепископот. Но во пракса очигледно поинаку функционира“ пишува „Религија“.
Инаку, наведува порталот, спомнувањето на имињата на поглаварите од поглавар на помесна православна црква во литургиите е израз на единството на православната црква.
Видео: Религија.мк