ВИДЕО | Габер: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија не е иста работа
Деновиве е актуелна посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на РС Македонија. За оценката на оваа посета во Утрински брифинг разговаравме со амбасадорот Виктор Габер.
Тој додава дека трите изборни излегувања во една година предизвикаа вжештување на ова прашање со Македонија што на крајот резултираше со вето.
-Во Бугарија влегуваат во постабилна политичка фаза, излегуваат од фазата на судири и политичкиот фактор кој има мандат од четири години може послободно да постапува, грубо кажано, посигурни се во своите фотелји. Едно е да си политичар, друго е да си државник. Политичар се станува, а државник се кали долги години, коментира Габер.
И во Софија и во Скопје има нови млади премиери кои би требало да се растоварени од минатото и минатите обиди за решавање на меусебниот спор.
-Тие не се растоварени и не можат да бидат растоварени од претходните груби постапки на некои политичари. Тие може да придонесат за менување на атмосферата. Историјата ќе остане, но бино е да остане во втор план. Сѐ повеќе од јавноста во Бугарија има расположение за омекнување на тврдиот став, вели Габер.
Петков делува како да сака да постигне промени. Габер коментира дека Кирил Петков, кој би требало да биде порастоварен од минатото, во моментов е ѕвезда не само дома туку и во Европа и може да повлијае врз старата генерација, онаа на претседателот Румен Радев, која има потврди ставови.
Коментирајќи ја вербалната нота со која земјава треба да се произнесе дека нема територијални претензии кон Бугарија, а за која некои сметаат дека сме го загубиле и последниот адут против Бугарија, Габер вели дека е многу битен моментот кога ќе се направи чекорот. Стратешката цел се постигнува или чекор по чекор или наеднаш. Овој спор е наметнат спор, а ние сме нов играч на теренот, вели Габер.