ВИДЕО: Ганиу и граѓаните пристигнаа пред Град Скопје и го фрлија ѓубрето
Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу заедно со граѓаните пристигна пред Град Скопје.
Тие тука го исфрлија отпадот кој претходно го собраа во старата Чаршија.
Ганиу рече дека отпадот не се собира од страна на Град Скопје, иако жителите на Чаир се даночни обврзници. Меѓу другото, тој потенцираше дека Чаир заслужува да биде чиста општина.
На терен пристигна и полиција но беш само нем посматрач најверојатно такви им биле инструкциите бидејки градоначалникот Ганиу е припадник на Влен која е коалициски партнер во власта на ВМРО ДПМНЕ.
„Оваа отворена војна на градоначалникот на Чаир Висар Ганиу беше со докази обвинет од градоначалничката на Скопје дека на повеќе од 150 стамбени објекти им дал фалсификувани документи да бидат впишани во катастрот а всушност биле дивоградби изградеени на државно земјиште на диво без платени комуналии и дозволил цели згради да се приклучат на диво од бандери и да крадат струја и вода. Арсовска од пред три денови постојано од терен со фалсикат досиеата ги повикува МВР и ОЈО да постапуваат и да почнат со разчистуваат со корупцијата со градежната мафија во Чаир.
Досега министерот Тошковски и МВР молчат а ОЈО Скопје вчера со соопштение извести дека отвара предмет по документацијата која им ја доставила Арсовска.