ВИДЕО | Ганиу: Не е во ред за училишта и улично осветлување да се плаќа индустриска струја

Општините во Македонија западнаа во големи проблеми поради актуелните кризи.

-И ние во локалната власт се соочуваме со проблеми, бидејќи некои рурални општини моеби ќе немаат ни средства за плати затоа што сега сите средства ќе треба да одат на трошоци. Главен проблем е енергијата, но имаме и многу ингеренции како што се одржувањето на училиштата. Ние во Чаир имаме 10 основни училишта и сметките за струја ни се качени за пет пати што е преголем трошок, вели Висар Ганиу, градоначалник на Општина Чаир и еден од потпретседателите на ЗЕЛС.

Тој вели дека откако се конституираше ЗЕЛС се побара состанок со Владата и за кус период се организираше таа средба на која градоначалниците ги изнеле своите проблеми, а министрите побарале неколку дена да ги разгледаат работите. Но, вели Ганиу, оттогаш се поминати два месеци.

-Ние ги сфаќаме и министрите, но кризата е голема. Мора да се сретнеме овие денови и да ги решиме проблемите. ЗЕЛС е партнер на владата и секое побарување од наша страна гедаме да биде унифицирано, вели Ганиу.0

Претседателката на ЗЕЛС е градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и таа ги информира членките за комуникацијата со Владата.00

-Ние имаме прилика во минатиот мандат центраната власт на некои општини да им покрива трошоци што беше големо олеснување. Ние колку што можеме заштедуваме, но има и факти. На пример, за училиштата и уличното осветлување се плаќа индустриска струја а не станува збор за профитабилни установи, вели Ганиу.

Ганиу вели дека има подготвеност конструктивно да се разговара со Владата оти станува збор за интересот на граѓаните. Централната власт има пристап до нашите буџети и треба заедно да разгледаме каде Владата може да помогне, а каде ние можеме да се откажеме од некои средства. Ганиу вели дека е битно да се има добра волја од обете страни оти само така може да се надмине кризата

 

Back to top button
Close