ВИДЕО | Гаши: Одговорност мора да се лоцира, а оставката на Филипче мора да се прифати

Јас и како човек и политичар внимавам да избегнам политиканство трагедија на човечки животи. Не би сакал да бидат ваквите примери или настани предмет на политички препукувања. Но секако треба да се држиме до таа морална компонента кога се случува нешто такво да има одговрност, констатира Африн Гаши, лидерот на Алтернатива во денешен Утрински брифинг.

Ние веќе година ипол функционираме како коалиција, вели Гаши за коалицијата АА на Зијадин Села, но за некои настани имаме одвоени соопштенија со Алијансата за Албанците. Се обидуваме да направиме една дистинкција и да најдеме средина помеѓу барање одговорност и да не допреме до чувствата на семејствата на загинатите, изјави лидерот на Алтернатива, Гаши.

-Мислам дека треба да има одговорност. Напшиот став е дека тоа е голема трагедија и да не остануваме како држава во вакви случаи да нема одговорност. Потребно е да ја лоцираме одговорноста, вели Гаши и додава дека најмалку што Заев треба да направи е да ја прифати оставката на Филипче, рече Гаши.

Кога доаѓа до вакви ситуации мислиме дека не треба да очекуваме некој да прифати или да се принуди да даде оставка. За жал политичката култура кај нас не е на потребното ниво. 30 години откако сме независна држава, ни се случија милион работи и никогаш не сме виделе одговорност, смета Гаши.

-Сакам да се дистанцирам од фрлањето јајца пред општината и селењето пред ДУИ. Исто така сакам да се дистанцирам од организаторите, но мисла дека е добро граѓаните да изразат незадоволство, но сме против насилство и не мислиме дека одредена политичка партија да биде цел на нападите, вели Гаши.

Политичарите треба да даваат оставка од морални причини, но нам ни недостасува практичната компонента – лоцирањето на точната одговорност. Во овој дел многу потфрламе, рече Гаши во Утрински брифинг за трагедијата во модуларната ковид болница во Тетово.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close