(Видео) Гаши приватно на свадба со колона службени возила и обезбедување
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, повторно оди на свадба со службени возила и обезбедување, овојпат во Кондово.
На видеото во продолжение се гледа колоната возила која го обезбедува Гаши.
https://www.facebook.com/reel/1049865210694236
Ова не е првпат претседателот Гаши да ги искористува државните ресурси за приватни потреби. Претходно спикерот со колона возила ја помина границата со Косово, каде исто така беше на свадба.
Тогаш реакција имаше само од јавноста, додека надлежните институции не најдоа причина да реагираат на злоупотребата на државните ресурси за приватни цели.
Извор: infomax.mk