(ВИДЕО) Газдата на изгорениот Опел во Скопје избегал од полицијата?!

Граѓаните чии возила беа опожарени откако се запали автомобил „Опел Зафира“ во центарот на Скопје, оставен на тротоар на булеварот спроти „Македонски пошти“, за А1он велат дека го виделе возачот како влегува во еден од околните дуќани и дека се сокрил од полицијата.

Викторија Стефкова, една од сопствениците на оштетените возила, за „А1он“ изјави дека автомобилот кој изгоре не бил ниту регистриран, а внатре имало празни шишиња од средства за дезинфекција.

„Наjсимптоматично е тоа што возачот избега и не сака да преземе одговорност. Го виделе соседите како влегува во канцеларијата на ‘Уника’, но отаму не сакаат да дадат податоци за него, најверојатно го штитат бидејќи е нивен клиент. Од осигурителната комапанија каде што е регстриран мојот автомобил БМВ X5, дознавме дека колата што се запали цела година не е регистрирана. Покрај тоа ја оставил на тротоар непрописно, згора на се, се крие. Според наши информации, во колата имало еден куп празни шишиња од средства за дезинфекција што можеби придонело да избие пожарот. Ние жителите од овој дел на градот сме посебно револтирани затоа што овој дел од троторарот не е регулиран со паркинг, туку е да го наречам ‘мртов агол’ и кој стигне тука си се паркира, а ние сме заложници во сопствените имоти“, изјави оштетената Стевкова.

Од МВР велат дека за деталите околу пожарот ќе информираат по завршувањето на увидот.

Back to top button
Close