(Видео) Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачки, говореше и на албански јазик на собир на Демократската партија

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, присуствуваше на националното собрание на Демократската партија на Албанија, каде што кусо во воведот се обрати и на албански јазик, пренесувајќи поздрави од лидерот на партијата и премиер, Христијан Мицкоски.

Screenshot

Ковачки соопшти дека присуствувал на настанот на покана од сестринската партија од Република Албанија и нагласил дека иднината на регионот треба да се гради врз заеднички вредности.

Тој порача дека земјите од регионот треба да бидат дел од Европската Унија како рамноправни партнери.

„Истакнав дека нашето место е во ЕУ, не понижени, туку како еднакви партнери“, наведе Ковачки.

Во своето обраќање, тој се осврна и на односите меѓу Македонија и Албанија.

„Македонско-албанското пријателство не е дипломатска фраза, туку е географска, историска и цивилизациска реалност“, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close