Видео: Генералштабот на Украина: Успешно нападнати две рафинерии во руските области Рјазанск и Краснодарск


Украинската армија денеска соопшти дека погодила две руски рафинерии во Рјазанската област и Краснодарскиот регион.

Генералштабот на Вооружените сили на Украина синоќа соопшти дека е погодена Рјазанската рафинерија, регистрирајќи погодок и пожар во близина на споредните објекти за преработка на нафта во претпријатието. Рафинеријата Рјазан преработува до 17 милиони тони нафта годишно и стотици илјади тони авијациски керозин, кој Русија го користи за гориво на својата авијација. Украина ја нападна истата рафинерија и минатата недела.

Одделно, Роберт Бровди, началник на украинските трупи за употреба на дронови, изјави дека неговата единица претходната ноќ ја погодила Илската рафинерија во рускиот Краснодарски регион.

Во меѓувреме, повеќе од 400.000 украински потрошувачи останаа без електрична енергија до пладне денеска, како резултат на масивен руски напад врз западните области на Украина, соопштија украинските власти.

Нападот предизвикал прекин во производството на електрична енергија од украинските атомски централи.

Русија во последните месеци значително го зголеми интензитетот и бројот на напади врз украинската енергетска инфраструктура, онеспособувајќи гасни, енергетски и дистрибутивни објекти и потопувајќи цели украински градови во мрак.

Back to top button
Close