ВИДЕО: “Гладен” студент од Јужна Кореа ја изеде бананата на Кателан вредна 120.000 долари

Студент по историја на ужетност од Јужна Кореја ја изеде бананата која беше дел од  инсталација на италијанскиот уметник Маурицио Кателан.

Но Хуин Со беше снимен како ка зема бананата која беше залепена со селотејп на ѕидот во музејот Леум во Сеул, ја лупи и ја јаде пред вчудоневидените гледачи, за потпа повторно да ја закачи кората од бананата на ѕидот користејќи го истиот селотејп. Потоа си замина насмеам.

 

Кога од музејот го прашале зошто ја изел бананата, одговорил дека бил гладен бидејќи го прескокнал појадокот, пренесува Кореа Хералд. Подоцна за КБС додал дека мисли дека „оштетувањето на модерно уметничко дело може да се [интерпретира како] уметничко дело“, а дека кората повторно да ја прикачил како „шега“.

Додаде: „Мислев дека ќе биде интересно… нели е залепено таму за да биде изедено?

Бананата, која е дел од инсталацијата “Комедијант” на Маврицио Кателан, се менува на секои два или три дена.

Кателан, скулптор и перформер од Њујорк бил информиран за инцидентот и едноставно одговорил: „Не гледам проблем“.

Не е прв пат банана на Кателан да биде “исмеана”. За време на првото изложување на делото во Мајами Арт Базел во 2019 година, една банана беше отстранета и изедена од изведувачот Дејвид Датуна.

Датуна подоцна изјави за Гардијан дека иако го смета Кателан за „генијалец“, има проблем со огромната сума на пари направена од банана која чини 20 центи.

Првата и втората верзија од инсталацијата изложени во Мајами Арт Базел се продадени за 120.000 долари (95.640 фунти), а уште една била продадена за 150.000 долари пред Датуна да се појави и да го изеде овошјето. „Патував во 67 земји низ светот во последните три години и гледам како живеат луѓето“, рече Датуна. „Милиони умираат без храна. Потоа некој става три банани на ѕид за половина милион долари?“

Кателан, кој е роден во Падова, е познат по уметничките дела кои ја провоцираат јавноста. Едно од нив – тоалетна шолја од 18 каратно злато наречено Америка и проценетп на 1 милион фунти – во септември минатата година беше откорнато при грабеж во палатата Бленхајм во Оксфордшир.

Скулптура која претставува кренат среден прст позната како Ил Дито (прст), но официјално наречена L.O.V.E – спроти берзата во Милано, беше вандализирана од еколошки активисти во јануари.

Извор: Гардијан

Back to top button
Close