ВИДЕО: Гласини за интерпелација не го загрижуваат Ахмети, не верува дека член на ДУИ би направил такво нешто

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вели дека нема ништо за загрижување во гласините дека пратениците на ДУИ може да поднесат интерпелација за нивните сопартијци, односно шефот на пратеничката група Изет Меџити против вицепремиерот Артан Груби и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Ахмети:„Нема загриженост, бидејќи, секако, доколку имаше такво нешто, сигурно г. Меџити ќе разговараше со мене, но таквата тема досега не е отворена.
ТВ21– Ве прашувам затоа што г. Блерим Беџети од ова студио предупреди дека може да има интерпелација, може да има такво прашање по 100 дена!
Ахмети: Да, секако интерпелацијата ја повикува опозицијата…
ТВ21- Значи ви изгледа чудно доколку некој од вашите пратеници би покренал…
Ахмети: Зошто да не, демократијата е … “.

Тој не очекува никој од неговата партија да се приклучи на опозицијата во интерпелацијата. Но ако евентуално некој од ДУИ поднесе такво нешто за неговите сопартијци, Ахмети уверува дека повторно ќе има место во партијата.

Ахмети: “Не мислам дека пратениците на ДУИ ќе бидат заедно со опозицијата за да…
ТВ21- Велите демократија и дека секој што прави такво нешто, сепак има место во ДУИ …
Ахмети: Да, тоа е демократија, но тоа е демократија во рамките на ДУИ, а не да се биде со опозицијата.

Гласините за интерпелацијата на Меџит против Груби и Османи се проширија минатата недела, додека самиот Меџити, запрашан за тоа, ниту го потврди ниту го демантираше ова, додавајќи дека нема да се изјасни за тоа пред владата да наполни 100 дена.

Меџити беше глас кој отворено изрази незадоволство пред два и пол месеци, кога беа именувани кадрите на ДУИ во извршната власт.

Шефот на ДУИ, пак, во КликПлус што ќе се емитува вечерва, рече дека во ДУИ отсекогаш имало различни гласови, кои тој ги поддржувал, но она што најмногу го загрижува и иритира, како што рече, се работите зад неговиот грб , со позадини и сценарија.

Back to top button
Close