(Видео) Го исвиркаа Љутков и порачаа „ако државата не сака да нѐ чуе преку институциите, ќе нѐ гледа на улциите“

Министерот за култура Зоран Љутков ги остави вработените во културата без плата за време на велигденските празници. Токму поради оваа причина денес беа организирани протести пред министерството за култура.

„Храбро се бореа да зачуваат една специфична традиција, традиција на протести во април на културните работници. Како и секоја година и оваа, министерот се појавува како инструмент во нивните раце, а овојпат е културен деец, кој се самоопредели дека е ненадлежен, кој со едно извинување по свршен чин не го поправи самиот чин“, рече Вера Атанасовска, претседателка на Синдикатот за култура, а присутните извикуваа „уа, уа!“.

уа!“.

Тие порачаа дека бараат крај на понижувањето.

„Културата нема да молчи, нема да се плаши, ние сме културата, ние сме гласот кој не можете да го загушите. Културата не е ваш проект, културата е народот, културата сме сите ние тука, кулутрата е отпор. Ако државата не сака да нѐ чуе преку институциите, ќе нѐ гледа на улица“, додаде Атанасовска.

 

 

 

 

 

 

Back to top button
Close