(ВИДЕО) Голем бунт во Турција, луѓето масовно протестираат

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача денес дека Турција нема да потклекне пред „теророт на улицата“, на третиот ден на протестите кои избија поради апсењето на опозицискиот градоначалник на Истанбул Екрем Имамоглу под обвинение за тероризам и корупција.

Турција нема да потклекне под теророт на улицата, нема да толерираме никакво нарушување на јавниот ред и мир – кажа Ердоган, оценувајќи дека протестите на повик на опозицијата ќе завршат во ќорсокак.

Озгур Озел, лидерот на Републиканската народна партија, најголемата опозициска партија во земјата, на која ѝ припаѓа Имамоглу, ги повика Турците да излезат на протест и покрај заканите на власта.

Back to top button
Close