ВИДЕО: Голем пожар над Елен Камен во Струга

Над Елен Камен во Струга, голем пожар избувнал попладнево, над патот за Радожда, пренесува ТВ Сител.

Според информации од очевидци на местото на настанот огнот многу бргу се шири поради силниот ветер.

Голем е стравот кај локалните жители дека пожарот може да зафати и куќи.

Во моментов на терен работат екипи на против пожарната бригада, но како што сведочат очевидците, силниот ветер е голем проблем и веќе зафатил голем предел. Сите надлежните институции се известени за пожарот.

видео: телма/фејсбук

Back to top button
Close