(Видео) Голем пожар во близина на Струмица – горат купишта гуми

Голем пожар избувна попладнево избувнал во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и со голема брзина се шири кон месноста Софилар и куќите во тој дел на градот, јавува МИА.
Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, се работи за пожар од големи размери, кој засега го гаснат 30 пожарникари и 10 возила, а побарана е помош од пожарникарите од Валандово и вклучување на хеликоптер.
Од СВР Струмица попладнево упатија апел до граѓаните да не се движат во делот зафатен со пожар, а лицата кои се затекнати таму веднаш да го напуштат подрачјето.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов уверува дека нема опасност пожарот да се прошири на населените места и дека црниот чад доаѓа од горење на купишта гуми.
Според него, имало опасност огнот да зафати неколку викендици, но пожарникарите го стопирале и превенирале да се прошири на градските гробишта.