(Видео) Голем пожар во индустрискиот дел на Битола

Голем пожар избувна попладнево во Битола, поточно во индустрискиот дел на градот.
На тој дел од градот може да се забележи густ чад.
Засега не е познато што е опожарено, и причината за пожарот.
Екипи на противпожарните единици се на терен и работат на локализирање на пожарот.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.






