Видео: Голем пожар во Злокуќани– зафатени повеќе куќи

Вечерва, во 20:02 часот, преку системот за итни повици Е-112 е пријавен пожар во куќа на улицата „Скупи“ во општина Карпош, Скопје.

Од страна на Министерството за внатрешни работи, преку Дежурно-оперативниот центар на Центарот за управување со кризи (ЦУК), побарано е итно исклучување на електричната енергија во нисконапонската мрежа, со цел да се овозможи безбедна интервенција на екипите од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ).

Според првични и неофицијални информации, освен првично зафатената куќа, пожарот се проширил и на уште три соседни куќи. Пожарникарските екипи се на терен и работат на локализирање и гаснење на огнената стихија.

Во моментов нема информации за повредени лица. Надлежните институции ќе извршат увид откако ќе биде целосно изгаснат пожарот, а причините за неговото избувнување дополнително ќе се утврдуваат.

 

 

Back to top button
Close