(Видео) Голем пожар во населба Лисиче: Изгореа три куќи!
Голем пожар ја зафати скопската населба Лисиче доцна синоќа. Пожарот се случил на адреса Ѓорѓе Андреевиќ во населбата, а започнал во една од бараките.
Според неофицијалните информации од очевидци две куќи се целосно изгорени, а една е делумно зафатена но гаснењето на пожарот е отежнато поради азбестните плочи кои се дел од кровната конструкција.
Пожарот неофицијално започнал од пикавец, а потоа молскавично се проширил на околните две бараки.
Според нашите информации има и повредени лица од кои потешко повредено е повредено лицето во чиј дом започнал пожарот.
Повеќе детали очекуваме во текот на утрешниот ден.