(ВИДЕО)360- Голем пожар во Ѓорче Петров

Голем пожар утрово избувна во скопската Општина Ѓорче Петров.

Гори во објекти на местото каде што се наоѓа старото кино во Ѓорче Петров, а на самото место има полициска екипа и се очекува во секој момент да пристигнат противпожарните екипи.објави 360 мк

Пожарот во скопската Општина Ѓорче Петров, според пријавата во МВР, избувнал во казино при што е опожарена кровната конструкција.

Од МВР велат дека во полиција е пријавено во 10:41 часот, а повредени лица нема.

Повредени лица нема, а пожарот сè уште се гаси од екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје“,велат од МВР.

Сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ е пренасочен додека се гаси пожарот.

Back to top button
Close