(Видео) Голема бура во Германија, во Берлин вонредна состојба

Бурата Иленија ја погоди Германија во текот на ноќта, посебно северните и источните делови, а зад себе остави паднати дрвја, уништени покриви од куќи. Откажани се бројни летови, а железницата „Дојче бан“ го прекина сообраќајот во неколку сојузни држави.

Германската метеоролошка служба издаде црвени предупредувања за северот на земјата се до денеска навечер. Најавуваат можност за торнада.

Во текот на ноќта, јаки налети на ветар од повеќе од 100 км/ч ја зафатија земјата, особено на северот, во средината и на истокот. Во планините Харц, измерена е брзина на ветрот од 152 km/h, јави Билд.

 

Вонредна состојба во Берлин

Берлинската противпожарна бригада прогласи вонредна состојба поради бурата Иленија.

„Од 2 часот наутро дојде до нагло зголемување на операциите поврзани со времето“, велат од таму. неколку доброволни противпожарни друшва се повикани како помош на професионалните пожарникари. Во Лихтерфелд паднати се повеќе стебла врз паркирани автомобили, а ветрот однесе и еднен столб за осветлување.

Ветрот уништи шатор на драјв-ин центар за тестирање во Северна Рајна Вестфалија, соопштија пожарникарите, но никој не е повреден.

Големи проблеми во Хамбург

Најмногу проблеми имало во Хамбург. Поплавен е пазарот, а искорнати се дрвја на повеќе места.

Иленија предизвика голема штета и во Долна Саска и во Бремен. На автопат, еден возач се залетал во паднато дрво, но не е повреден

Back to top button
Close