(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска, улиците поплавени

Хрватска утринава се разбуди под облаци и невреме, со обилни дождови, грмежи и поплавени улици, а метеоролозите предупредуваат дека најсилниот удар на временската непогода допрва доаѓа.

Според Државниот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ), врнежи и грмежи ќе има во текот на целиот ден, особено попладне и навечер, со потенцијал за локално изразени непогоди.

На Јадранот и во околните области се очекува честа и поројна појава на дожд и грмежи, а се очекува и бура.

Температурите се движат од 13 до 18 степени Целзиусови во внатрешноста, а од 18 до 23 степени на Јадранот.

Како што јавува метео-порталот Истрамет, невремето најпрво ја зафатила Истра, рано утринава, носејќи обилни врнежи и силни грмежи. Во Пореч, врнежите предизвикаа поплави на улиците.

Портокалово предупредување има за региони како Карловац, Госпиќ, Риека, Сплит и Дубровник, поради можни екстремни врнежи и силни грмежи.


 

 

Back to top button
Close