(Видео) Гори глисер во каналот Студенчишта во Охрид, околу него паркирани десетина други

Попладнево избувна пожар на глисер во каналот Студенчишта, во близина на Охридското Езеро. Пожарот предизвика вознемиреност кај присутните туристи и граѓани, а густ црн чад се издигаше над езерото. Околу глисерот имаше и други паркирани пловни објекти.

На местото интервенираа противпожарни екипи и полиција. Засега нема информации за повредени лица, ниту за причината за пожарот. Очевидци велат дека глисерот бил закотвен кога почнал да гори.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Back to top button
Close