(Видео) Град Скопjе: МВР одби да ја прими пријавата за физички напад од нивен полициски инспектор врз жена
Од кабинетот на Скопската градоначалничка ја известуваат јавноста дека МВР вчера одбило да ја прими пријавата за физички напад од полициски инспектор фатен во моментот кога на диво се приклучува на мрежата на ЈП Водовод и канализација Скопје.
Градоначалничката Арсова на социјалните мрежи со разочарување потсетува дека никој во државава не излегол да го осуди нападот врз жена во момент кога вршела службена должност. Инцидентот беше меѓу главните вести пред некој ден проследен со видео снимка .
–
Уште еден ден во Македонија. Само да знаете каде живеете. МВР вчера одбиваше да ги прими пријавите од град Скопје за ФИЗИЧКИОТ НАПАД од нивниот службеник ВРЗ ЖЕНА.

