ВИДЕО: Градоначалникот на Гази Баба Стефковски тврди дека вечерва е подметнат пожар кај Смилковското Езеро

Пожар кај Смилковското Езеро / Фото: Бобан Стефковски / Фејсбук / скриншот

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, вечерва објави снимка од пожар кој избувнал кај Смилковското Езеро, со тврдење дека тој е подметнат со потпалување на повеќе локации околу езерото.

 

ОВА Е ГЕНОЦИД!! Вечерва на повеќе локации е подметнат пожар на Смилковско езеро! Сообраќајот од обиколницата е во прекин! Екипите со кризниот штаб се на терен…!“, напиша Стефковски во објавата.

Тој додаде дека сообраќајот на скопската обиколница во тој дел е прекинат.

„Ова е геноцид. Сообраќајот од обиколницата е во прекин! Екипите со кризниот штаб се на терен! Се очекува да има прекин и на електричната енергија“,напиша тој на Фејсбук споделувајќи видео од страшниот пожар. 

 

На Фејсбук се огласи и градоначалникот на Бутел Дарко Костовски кој посочи дека пожарот бил подметнат и нагласи дека на ваков начин не се печалат политички поени.

„Последниот пожар кај Смилковско е подметнат. Има очевидци кои веќе дадоа изјави на МВР. Многу е веројатно најголемиот дел од пожарите да се подметнати. Министерот Панче Тошковски е целосно посветен на расветлување на голем број сомненија за подметнати пожари. Кога на ваков начин најдовте да печалите политички поени, ќе добиете баш соодветен одговор. Секако и ќе бидете жестоко поразени. Жестоко“,напиша Костовски.

 

Back to top button
Close