(Видео)Градскиот парк полн – со Филхармонија и „Архангел“ се одбележуваат 58 години од земјотресот

Стотици граѓани вечерва присуствуваат на концертот на Филхармонија и култниот бенд „Архангел“ во Градскиот парк во Скопје, кој се одржува во рамки на програмата за одбележување на 58-годишнината од катастрофалниот земјотрес.

Фото: 360 степени

Концертот насловен како „Филхармонија и Архангел за Скопје“ е бесплатен и се реализира во соработка со Град Скопје.

Со оркестарот диригира Џијан Емин, кој ги направи и новите аранжмани за песните на „Архангел“.

Концертите на отворено Град Скопје редовно ги организира со Филхармонија во Градскиот парк и се насловени како „Филхармонија на отворено“, освен лани кога традицијата беше прекината поради пандемијата на ковид-19.

Back to top button
Close