ВИДЕО: Грција во шок по убиството на навивачот од хулиганите на Динамо
Цела Грција сѐ уште е во шок по ужасните сцени кои се случија пред арената ОПАП во грчката населба Нова Филаделфија. Пред натпреварот од Лигата на шампионите, повеќе од 100 навивачи на Динамо Загреб нападнаа навивачи на ривалот АЕК, а во нападот беше убиен 29-годишен навивач на грчкиот клуб.

На местото на нападот навивачите поставија црно-жолти шалови на АЕК и свеќи распоредени во форма на буквата М, односно почетната буква од името на 29-годишниот Михалис. Младиот човек се здобил со повеќе убодни рани, поради што и покрај напорите на лекарите починал во болницата во Црвениот крст, јавува грчкиот портал „Прототема“.
Како што објави порталот „Њузбомб“, навивачот на АЕК бил прободен со нож во артеријата на раката, што предизвикало неконтролирано крварење. Повредата била смртоносна, поради што набрзо по пристигнувањето во болница починал.
„Ова убиство е тажна алка во синџирот на насилство на навивачите, мора да се смени менталитетот на колективното насилство. Движењето на навивачите на Динамо се одвиваше поединечно и покрај забраната изречена од УЕФА. Полицискиот час овде функционираше поинаку“, го коментираше Герапетритис доаѓањето на хрватските навивачи.
Властите соопштија дека се уапсени 98 лица. Од нив 85 се Хрвати, еден Австриец, еден Босанец, еден Албанец, еден Германец и двајца Грци.

Грчкиот портал „Њузит“ пишува дека навивачите на Динамо дошле во Атина патувајќи со приватни автомобили низ Албанија за да ја измамат полицијата. Преправајќи се дека се туристи успешно поминале 1.400 километри, полицијата ги следела до влезот во Атина, по што побегнале.
Грците тврдат дека подоцна се собрале на станицата на метрото и се упатиле кон стадионот каде што ги нападнале навивачите, наводно со помош на навивачите на Панатинаикос во целиот потфат.
Во насилниот инцидент се повредени уште осум лица, меѓу кои и 17-годишник, а тројца Грци и пет Хрвати се хоспитализирани. Уапсени се 96 лица кои се приведени на распит во ГАДА (главно полициско одделение).
На социјалните мрежи се шират гласини дека навивачите на Панатинаикос биле со хулиганите на Динамо Загреб пред стадионот на АЕК во Нова Филаделфија, а околу 23 часот заедно ги нападнале навивачите на АЕК. Избила жестока тепачка, биле употребени палки, молотови коктели и сѐ што им се нашло при рака на навивачите.
Поради трагичната вест за смртта на навивач на АЕК, постои можност натпреварот да не се одржи, пишува „Прототема“.