ВИДЕО: Груби пратил 8 рамковно вработени и во Антикорупциска, Ивановска вели дека сега ќе треба да ја прилагодуваат систематизацијата поради нив

Жално е што втора година по ред нашата држава нема усвоена стратегија за борба против корупцијата и пкрај тоа што таа е подогтовена од наша страна. Акциониот план е апдејтиран и сега таа стратегија е 2021-2025. Таа е направена на многу инклузивен начин, правена е со претставници од министерствата, НВО, медиуми и направен е збир на искуство и ескпертиза, но проблем е што се уште чекаме на одговор од Владата, изјави во Утрински брифинг претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска.

Почнавме да градиме чувство дека поддршката е само декларативна. Владата излезе со јака политичка волја, го донесе Законот, беше избрана комисијата, во тој Закон беа јасно и прецизно утврдени наделжностите на Комисијата, но и правата во смисла на тоа како таа ќе успева да обезбедува податоци. За да ја исполниме улогата треба да имаме одредени можности. Ништо од она што го бараме не сме успеале да го обезбедиме, вели Ивановска.

Јас да ви кажам верував во приказната дека толку се парите особено со КОВИД кризата и навистина сметав дека дотука е силата и дека можеби и ние не треба да премногу притискаме да ни се купи простор по секоја цена. Всушност и за тоа отидовме на варијанта Б да се среди ова како може да се среди, меѓутоа да биде поевтино и од друга страна да се обезбеди неопходни услови за работа. Меѓутоа со последниве настани кога се избројаа 14 милиони евра не верувам веќе во таа приказна дека нема пари за ДКСК, вели претседателката на ДКСК.

Во таа насока, потенцира дека во зградата во којашто се наоѓа Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците и Финансовата полиција, требале да бидат стационирани поважни институции.

Ивановска потврди и дека „Антикорупциска“ добила осум „рамковно“ вработени административни службеници од Министерството за политички систем на првиот вицепремиер Артан Груби, но дека се задолжени да ја прилагодуваат систематизацијата за да ги интегрираат.

– Станува збор за помлади соработници, а нас можеби ни требаат виши советници. Сега ќе треба да се изврши обуката и да се прилагодува систематизацијата. Иако тоа е апсурдно, бидејќи ние се бориме против промени на систематизациите, кога се прават наменски заради вработувања, рече Ивановска.

Разговор со Ивановска каде таа говори за сите тековни прашања и теми погледнете го во видеото

Back to top button
Close