(ВИДЕО) Хамас ја ослободи Агам Бергер, припадничка на израелските воени сили
Палестинската група Хамас денеска ја ослободи Агам Бергер, припадничка на израелските воени сили (ИДФ), според договорот за прекин на огнот со Израел, јави агенцијата Анадолија.
Агам Бергер беше предадена на претставници на Меѓународниот Црвен крст во областа Ал-Раза, во бегалскиот камп Џабалија, во северниот дел на Газа.
🎥 The moment Agam was reunited with the IDF after 482 days of being surrounded by terrorists: pic.twitter.com/V7tAtJJkxC
— Israel Defense Forces (@IDF) January 30, 2025
Уште двајца израелски затвореници ќе бидат ослободени денеска во замена за 110 палестински затвореници во израелските затвори.
Ова е трета размена на затвореници откако стапи во сила договорот за прекин на огнот.
Agam is home 💛 pic.twitter.com/SvtkB7hjl5
— Israel Defense Forces (@IDF) January 30, 2025
Уште двајца израелски затвореници ќе бидат ослободени денеска во замена за 110 палестински затвореници во израелските затвори.
Ова е трета размена на затвореници откако стапи во сила договорот за прекин на огнот.
Првата шестнеделна фаза од договорот за прекин на огнот во Газа стапи во сила на 19 јануари, ставајќи крај на конфликтот во кој загинаа повеќе од 47 000 Палестинци, главно жени и деца, а повеќе од 111 000 беа ранети од 7 октомври 2023 година.