(ВИДЕО) Хаос на протестите во Загреб, демонстрантите спречени да влезат во зградата на ХРТ

Протестот против ковид-потврдите вечерва се пресели од централниот загребски плоштад пред зградата на ХРТ, каде отидоа дел од демонстрантите, барајќи да разговараат со лидерите и да се приклучат на програмата на ХТВ, а интервентната полиција ги спречи да влезат во зграда.

Незадоволни од начинот на кој ХРТ го емитуваше нивниот митинг во 15 часот на плоштадот Бан Јелачиќ, и извикуваа пароли: „Сакаме избори!“, „Референдум и владеење на народот“, „Крадци“, „Предавство“ и „Божјиот закон над сите закони “, тие побараа средба со извршниот директор на ХРТ и вклучување во живо на националната телевизија.

Неколку илјадници луѓе присуствуваа денеска попладне во центарот на Загреб на најголемиот собир против ковид потврдите, а хрватските медиуми јавуваат дека имало и околу 15.000 демонстранти.

За време на протестот нападнат беше телевизискиот репортер од хрватската телевизија РРЛ, група демонтранти на новинарката на Ал Џезеира и го одзеле микрофонот, а на екипата на телевиизијата Нова им биле упатени навреди.

Говорниците на собирот предупредиле дека ковид потврдите претставуваат почеток на отворениот тоталитаризам и порачаа дека нема таква зараза која може да ја загрози Хрватска, како заразата со корупција и криминал.

Тие побараа укинување на ковид потврдите, тврдејќи дека граѓаните кои не ги поседуваат противуставно и противправно се исклучени од општествениот живот и им се оневозможува да одат на работа, да студираат.

Back to top button
Close