(Видео) Хаос по финалето: Масовна тепачка меѓу фудбалерите
Тензиите по финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина кулминираа веднаш по последниот судиски свиреж, кога дојде до жестока пресметка меѓу фудбалерите на двете репрезентации.
Entonces Rodri es el que empezó todo el desmadre al final del partido 🤔.. De todos modos, Leandro Paredes reaccionó muy mal 🤷.. pic.twitter.com/qxDbp2dEDD
— Anxious Vids🔥 (@Anxiousvids) July 19, 2026
Инцидентот започнал по вербален конфликт меѓу Родри и Науел Молина. По кратката расправија и меѓусебното оттурнување, ситуацијата брзо ескалирала, а во метежот се вклучиле повеќе играчи.
Во центарот на инцидентот се нашол Леандро Паредес, кој најпрво влегол во конфликт со Ерик Гарсија, а потоа физички се пресметал и со Гави, оттурнувајќи го на тревникот.
Словенечкиот судија Славко Винчиќ, по завршувањето на натпреварот, му покажа црвен картон на Паредес поради неговото однесување.
Снимките од инцидентот брзо се проширија на социјалните мрежи, а се очекува надлежните органи на ФИФА дополнително да го разгледаат случајот и да одлучат дали ќе бидат изречени дополнителни дисциплински мерки.






