Видео: Хеликоптер на МВР го гаси пожарот кај планината Песјак

 

Одделот за воздухопловни единици на МВР со хеликоптер од типот „Bell 212″ денеска продолжи со гаснење на пожарот кој го зафати делот помеѓу селото Крушица и планината Песјак и Кичевија.

Како што соопшти МВР, при гаснењето на пожарот во период од шест и пол часа беа исфрлени 35 тони вода. Пожарот е локализиран со што не е дозволено да се прошири кон селата Козичино и Дупјани.

– Ова е уште еден показател дека МВР е сервис на граѓаните во сите сегменти на полициското работење, а заштитата и безбедноста на граѓаните е наш приоритет, стои во соопштението.

Хеликоптерската единица за полициски намени, која во рамки на МВР постои од 1969 година, е опремена со три хеликоптери марка „Бел”.

-За да се овозможи успешно користење на опремата беше спроведена меѓународна обука од словенечката полиција, и тоа за носење подвесен товар и за гаснење на пожари. Обуката успешно ја завршија сите пилоти на Хеликоптерската единица за полициски намени, потсетуват од МВР.

 

 

 

Back to top button
Close