(ВИДЕО И ФОТО) Невреме во Велес – улиците се претворија во реки
Силно невреме проследено со дожд и град, како и електрични празнења го зафати попладнево Велес. За кусо време, улиците на градот се претворија во поројни реки кои носат камења, дрва и секаков отпад.
Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода. Засега нема информации за предизвикани штети од невремето.
Од УХМР најавија дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи, и во утрешниот ден. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.
извор: батали






