(ВИДЕО) И се слоши на жена од „свитата“ на премиерот од врелото сонце. Мицкоски прекина за момент со пресот за да ја разладат
Дали е сè во ред, праша премиерот Христијан Мицкоски среде изјава за медиумите во Прилеп откако во заднина очигледно се слоши некому од присутните.
Премиерот, кој во моментот одговараше на новинарско прашање за тоа дали Владата размислува за набавка на нови воздухоплови за гаснење пожари, ја прекина изјавата, се сврти странично за да види што се случува и побара на една од присутните да ѝ се даде вода.
Другите присутни коментираа дека има многу луѓе и побараа да се исклучат камерите, по што прекина владиниот пренос на настанот на „Јутјуб“.

Кратко потоа видеото од преносот беше комплетно отстрането од „Јутјуб“, но по некое време претпладневните изјави од Прилеп повторно се достапни на владиниот јутјуб-канал, но само до моментот на прекинот.
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во изјава за „360 степени“, вели дека тоа што премиерот престанал да зборува е негов џентлменски потег кон една дама.
„Ништо страшно, ѝ се слоши на една од присутните. Се даде вода, по триесетина секунди состојбата се нормализира. Не знам точно што беше причината, но ништо страшно“,
вели Проданоски.






