(ВИДЕО) “Или си СДСМ или не си”: Филипче за фотографијата на Црвенковски во Охрид

Прашан на прес-конференција што мисли за фотографиите од Охрид на кои екс-лидерот Црвенковски е во друштво со личности од политичкиот противник ВМРО ДПМНЕ и од Знам, сликани во ресторан како вечераат лидерот Филипче со краток коментар.

-Јас можам само да го цитирам поранешниот претседател со неговата позната изјава „Или си СДСМ или не си“.

На фотографиите на едната Црвенковски вечера во рестран во Охрид со актуелниот градоначалник Пецаков кој е од редовите на ВМРО ДПМНЕ а на масата се и пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Саше Донев и газдата на фирмата Пупе компани, а на другата е со носителката на советничката листа на ЗНАМ за Охрид, Марина Горговска .

Според медиумите средбата на Црвенковски со Пецаков не е прва, наводно имало уште две претходно во куќата на семејството на Црвенковски во охридско Слатино.

Наводно Црвенковски побарал и договорил Пецаков да му заврши работа на негов пријател бизнисмен, а за возврат Црвенковски да му даде на Пецаков поддршка за престојните локални избори.

Фотографијата пак со носителката на листата на Знам Горговска, таа сама ја објавила на нејзиниот фејсбук профил најверојатно со знаење и дозвола од Црвенковски. За партијата на Максим Димитриевски ЗНАМ уште од пошетокот на нејзиното формирање се шпекулира дека вистинскиот лидер е Црвенковски имајки предвид дека луѓе блиски до Црвенковски се во најтесното раководство на ЗНАМ. Бранко Црвенковски јавно го замрзна неговото членство во СДСМ на чие чело беше долги години незадоволен и ревоолтиран од тогашниот лидер и премиер Зоран Заев околу политиката кон Бугарија и интервјуто на Заев за бугарски медиум.

Back to top button
Close