(Видео) Инцидент во Собрание: Пратеник на ДУИ фрла со предмети кон пратениците

Пратеникот Арбер Адеми со предмети фрлаше низ собраниската сала и кон пратениците. Фрапантно видео објави пратеникот Миле Лефков. Се слуша како пратениците му викаат „Кај се наоѓаш“ додека тој со тацна фрла и ја крши собраниската опрема.

-Имаше навреди, раправии, а Арбер Адеми од ДУИ, пцуеше, замавна и удри некој од пратениците. Понижување, насилство во Собрание! Македонија наместо Европа стана див запад со “каубоите” од власта“, напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close