(Видео) Интервју 48 Часа со Марјан Забрчанец: Наместо отворена власт, денес гледаме конфликти со новинарите и затворени институции

Во период кога политичката комуникација во Македонија сè повеќе се сведува на брзи пораки, конфликти и борба за доминација на дигиталниот простор, прашањето за тоа дали институциите навистина комуницираат со граѓаните станува поважно од кога било.

Во новото интервју за „48 Часа“, разговараме со Марјан Забрчанец, поранешен координатор за стратешки комуникации во Владата, човек кој директно беше вклучен во креирањето на владините комуникациски политики во еден од најтурбулентните политички периоди во земјата.

Со него отворивме теми поврзани со транспарентноста на институциите, растечкиот популизам во политиката, борбата против дезинформациите, односот меѓу власта и медиумите, но и за комуникациските грешки кои, од денешна перспектива, можеби оставија простор за поинаков политички исход.

Колку искреноста денес има место во современата политика, дали институциите назадуваат во однос на отвореноста и каде завршува транспарентноста, а започнува контролата врз јавниот наратив — се дел од темите за кои зборувавме во ова интервју.

Извор: 48chasa.mk

Back to top button
Close